Преспанско езеро има статус на заштита Споменик на природата, додека Пелистер е со статус Национален парк. Истите се пилот подрачја на твининг проектот за заштита на природата и се потенцијални кандидати за подрачја на Натура 2000. Во изобилството на жив свет во двете подрачја живее и животното Видра (англиски otter, латински Lutra Lutra), којашто беше забележана при теренските истражувања од страна на стручните советници од твининг проектот.