5 јуни

“НАТУРА 2000…ЗА ПРИРОДАТА…ЗА ЛУЃЕТО” кон природата – приоритетни видови во брегалничкото сливно подрачје
Животинските и растителните видови се исто така важни за Натура 2000 процесот. Така како што се дефинирани приоритетни типови на живеалишта според Директивата на живеалишта, одредени се и приоритетни видови. Тие се дефинирани како такви со оглед на заканите за да се фаворизира раното спроведување на мерките за нивно зачувување. Во рамките на “Програмата за зачувување на природата” од страна на експертски тим на биолози во изминатата година во брегалничкото сливно подрачје беа утврдени 3 приоритетни видови (кафеава мечка, речен рак и алпски сечко).