Финскиот експерт на твининг проектот Д-р Петри Алрот и националниот експерт за херпетофауна Д-р Драган Арсовски, одржаа предавања во средата 12ти јуни 2019 година на новата Работилница за инвенторизација и мониторинг на влекачи и водоземци во НП Пелистер. Заедно со припадниците на чуварската служба од Hационалниот парк и другите заштитени подрачја, како и со претставниците на неколку факултети, експертите разговараа за резултатите од Твининг проектот. Со теренската посета на месноста Голема ливада, тие ги проверија и предложените протоколи за инвентар и мониторинг за влекачи и водоземци.