Заеднички настан на Програмата LIFE + и проектот за Натура 2000

LIFE + е финансиска програма на Европската Унија креирана во врска со животната средина и климатските промени. На 23.03.2016 во Секретаријат за европски прашања претставници од Сектор за природа при МЖСПП го организираа настанот- Инфо ден посветен на презентација на Програмите на ЕУ, особено на Програмата LIFE +, а воедно и учествуваа со своја презентација. На настанот учествуваа преставници од Министерство за животна средина и просторно планирање на Словенија, релевантни државни органи, научни и стручни институции и меѓународни организации кои работат на полето на заштита на природата, невладини организации и здруженија на граѓани. Претставниците од Словенија ги презентираа искуствата во врска со имплементацијата на Програмата LIFE +, а потоа беше претставен Проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000“.