Природното наследство на Националниот парк Маврово и имплементацијата на Натура 2000

Може ли нашата биолошка разновидност да се заштити уште повеќе? Националните паркови и останатите заштитени подрачја изобилуваат со значајни живеалишта и видови во земјата, од кои поедини видови имаат меѓународен режим на заштита. Почетоците на воведување на еколошка мрежа НАТУРА 2000 предвидува идентификација на одредени подрачја, живеалишта и видови на национално ниво, согласно барањето на директивите за живеалишта и птици, па од таму и потребата од координација со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и јавните установи национални паркови.

Првата работилница за НАТУРА 2000 се одржа на 28.04.2016 година во Националниот парк Маврово. Целта на работилницата беше да се зајакнат капацитетите на Националниот парк Маврово и Сектор за природа при МЖСПП. На работилницата од страна на меѓународните експерти Daniel Bogner, Тим лидер на горенаведениот проект и Ernesto Ruiz експерт за хабитати беа презентирани искуства за правната основа за НАТУРА 2000, селекција, номинација и управување со НАТУРА 2000 подрачја, како и активности за развој на овие подрачја со примери од земјите на ЕУ.