Интересни дискусии поттикна првиот состанок одржан во зградата на АЕК, меѓу проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на НАТУРА 2000“ и граѓанските организации кои работат на полето на заштита на животната средина и природата. На состанокот беа презентирани целите на проектот но и начинот на соработка со граѓанскиот сектор во долготрајниот процес кои претстои за имплементација на НАТУРА 2000. Првиот чекор е направен, следи интензивирање на соработката!