Иако сме на самите почетоци за имплементација на НАТУРА 2000 во нашата земја, веќе се приклучивме кон глобалната активност за одбележување на денот на НАТУРА 2000. Тимот на проектот, претставниците на Министерството за животна средина, Делегацијата на ЕУ, Националниот парк Галичица и децата од училиштето „Климент Охридски“ го направија симболичниот гест кој ја претставува пеперутката – затоа што секое движење на истата влијае на природата…