Го одбележавме денот на Натура 2000

Многу пеперутки на едно место – Децата од основното училиште „Климент Охридски“ од Охрид ни помогнаа да го одбележиме денот на НАТУРА 2000 и меѓународниот ден на биолошката разновидност. Во Националниот парк Галичица тие имаа предавање, а потоа цртаа животни и растенија кои се присутни во паркот. Најмногу се црташе пеперутката Parnassius Apollo, редок вид, а кој го има во голем број токму на Галчица. Им благодариме на децата за креативниот придонес, а на Националниот парк за добриот дочек и одличното предавање!