Посета на националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово (25-26.07.2016)

Одржани се состаноци помеѓу претставници од проектниот тим и националните паркови со цел презентација на информации за статусот на проектот: “Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000”.

Воведот на состаноците беше направен од страна на Тим лидерот на проектот, Даниел Богнер, а потоа се продолжи со презентација за клучните активности на проектот, нивниот статус, она што е направено досега и презентација на планираните  чекори за секоја активност од проектот. Од претставниците на парковите е побарано да дадат предлози и сугестии во рамките на активностите за изработка на нов Закон за заштита на природата