Во Маврово се одржа работилница за анализа на законот за природа, на која беа присутни претставници од Министерството за животна средина, националните паркови и Државниот инспекторат за животна средина. Се идентификуваа главните проблеми при имплементација на постојниот закон и се дискутираше за потенцијалните начини за транспозиција на директивите во новиот закон.