Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) е формирана во 1948 година, а денес преставува најголема и најразновидна мрежа за заштита на природата во светот, која вклучува членки од многу владини и невладини организации од целиот свет. Во IUCN членуваат околу 1300 организации со околу 16 000 експерти од 170 земји.
IUCN е глобална организација која дава експертска помош и трансфер на знаења за различни прашања поврзани со истражување, заштита и управување на природното наследство.
Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина на крајот од септември 2016 година стана членка на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN). Со тоа очекуваме да се интензивира соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина со IUCN како партнерска организација во насока на унапредување на заштитата на природата.
Повеќе информации за IUCN може да се најдат на следниот линк: https://www.iucn.org/regions/eastern-europe-and-central-asia