На 7.6.2019 во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа шестиот состанок на Управниот одбор на твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“. Беше разгледан и усвоен Шестиот квартерен извештај за остварените резултати, заедно со редовните оперативни плански документи. На состанокот се утврди дека последниот квартал од проектот ќе заврши динамично, со исполнување на сите очекувани задачи, иако е во екот на летната сезона на одмори.