Студиско патување во земјите на ЕУ

Студиско патување во земјите на ЕУ

Студиско патување во Хрватска, Словенија и Австрија од 25-30.09 проект поддржан од Европската Унија, „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“
Делегацијата ја сочинуваа директорот на Сектор за природа и директорот на Управата за животна средина во Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од секторот за природата во МЖСПП, претставници од националните паркови на Шар Планина, Галичица и Пелистер, претставници од Национални шуми, Министерството за Земјоделство и експерти ангажирани во проектот!
На оваа агенда беа посетени Министерството за животна средина и развој во Загреб, Националниот парк Рисњак во Хрватска, Институтот за заштита на природата во Република Словенија, преставници на регионот Корушка во Клагенфурт и паркот на природата Добрач во Австрија.
Целта на студиското патување е размена на информации со властите (министерствата и телата за управување на областите Натура 2000) за теми поврзани со Натура 2000 како што се модели на управување со заштитени подрачја во различни земји, социо-економски придобивки, конфликти, вклучување на заинтересирани страни итн.
Во рамките на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ се спроведува и оваа програма која има за цел да ги зголеми институционалните капацитети на на нашата земја, со која беше организирано 5-дневно студиско патување во 3 земји од ЕУ