Посебни заштитени области (SPA) се утврдуваат во согласност со ЕУ Директивата за птици.

Земјите-членки назначуваат Подрачја за посебна заштита (SPAs) според научни критериуми како што е „1% од популацијата од наброените ранливите видови”, или „мочуришта од меѓународно значење за миграциски водни птици”.

Иако земјите-членки можат да изберат најсоодветни критериуми, тие мора да обезбедат назначување на сите “најсоодветни територии” следено по бројност и по површина.

Посебните податоци за подрачјето се пренесуваат до Комисијата со користење на Стандардни обрасци за податоци (Standard Data Forms).

Врз основа на информациите обезбедени од страна на земјите-членки, Европската комисија утврдува дали назначените локации се доволни да формираат кохерентна мрежа за заштита на овие ранливи и миграциски видови.

Овие подрачја потоа стануваат составен дел од мрежата за Натура 2000 (Natura 2000).